Линкови за пристапност

Вашингтон и Пекинг дел од онлајн средбите на АСЕАН


Министри за надворешни работи на десет држави од Југоисточна Азија, САД и Кина, учествуваат во разговори оваа недела на различни теми, меѓу кои економска обнова по ковид-19.

САД и Кина имаат официјални претставници кои ќе ги следат видеоконференциите од денес до петок. Државниот секретар Мајк Помпео ќе го претставува Вашингтон на министерскиот состанок на Асоцијацијата на држави од Југоисточна Азија (АСЕАН).

Кинеските официјални лица се очекува да се појават на друго ниво настани со надворешни министри оваа недела.

Аналитичарите велат дека десет министри од регионот на Југоисточна Азија, чија популација број 650 милиони луѓе, во голема мера ќе изразат цврста поддршка за САД во однос на заканите од Кина, но, оти истовремено ќе бидат свртени кон Кина за економска помош за справување со последиците од пандемијата.

„Мислам дека Југоисточна Азија ќе гледа да добие подобра претстава за тоа дали може да верува во заложбата на Вашингтон да го приоритизира нејзиниот регион“, вели аналитичарот Дерек Гросман.

Министрите чекаат повеќе детали по изјавата на Помпео во јули, дека Владата на САД би ги бранела државите кои се под притисок на Кина околу споровите за поморскиот суверенитет.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG