Кина денес најави дека размислува да купи американски земјоделски производи, како свинско и соја, со цел да се одржат трговските преговори со САД.
Министерството за трговија соопшти дека Кина очекува добра волја за соработка од администрацијата на Трамп, и оти се надева дека двете страни ќе продолжат да преземаат мерки во насока на подобрување на условите за преговарање.
Претседателот на САД Доналд Трамп, пак, рече дека ќе ги одложи царините за кинески производи вредни 250 милијарди долари за 15 октомври, иако првично требаше да стапат во сила на први октомври.
Ваквата најава на Трамп уследи откако Кина во средата најави дека ќе изземе од оданочување некои американски производи.
„Мислам дека постапија правилно. Ова беше голем потег, но, не бев шокиран бидејќи работам со нив, ми се допаѓаат, и се надевам дека ќе направиме нешто“, рече Трамп.
Трговските разговори закажани за почетокот на наредниот месец во Вашингтон, се први преговори меѓу САД и Кина по јули годинава.
Facebook Forum