Линкови за пристапност

Трамп ги повика фармерите да купат поголеми трактори, по постигнатиот трговски договор со Кина


Двете држави постигнаа договор за првата фаза од преговорите, додека втората тура разговори се очекува да почне пред следните претседателски избори во САД

Трговскиот договор меѓу САД и Кина, кој денес одвоено го најавија двете држави, ќе биде од огромен бенефит за американските фармери, изјави претседателот на САД Доналд Трамп, велејќи дека тие треба да купат поголеми трактори.

Трамп го опиша договорот со Пекинг како „феноменален“.

Официјалните претставници од двете страни изјавија дека по постигнувањето согласност за првиот дел од содржината на договорот, ќе престанат да воведуваат натамошни царини едни на други.

Согласно договорот, Кина ќе го зголеми увозот на американски земјоделски производи, енергија и фармацевтски производи.

Трамп, пак, рече дека земјоделската продажба многу брзо ќе чини 50 милијарди долари.

„Ова ќе создаде подобри услови за САД и Кина да ја зацврстат соработката“, изјави заменик - министерот за трговија на Кина.

Најавата доаѓа два дена пред да стапат во сила новите царини од 160 милијарди долари, што САД ги најавија за кинески производи.

„Царините во голема мера ќе останат, односно 25 отсто на 250 милијарди долари, и ќе ги користиме за натамошни преговори во вториот дел од трговските разговори“, изјави Трамп.

Втората тура преговори, спред најавите на Трамп, ќе почне пред следните претседателски избори во САД наредната година.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG