Линкови за пристапност

Администрацијата на Трамп не ја означи Кина како валутен манипулатор


Американската администрација повторно одби да ја означи Кина како валутен манипулатор. Сепак Кина и пет други нации остануваат на листата за следење.

Во извештајот до Конгресот, секретарот за финансии, Стивен Мнучин вели дека Кина заедно со Германија, Индија, Јапонија, Јужна Кореја и Швајцарија ќе бидат ставени на листата на земји чии валутни практики треба да бидат следени.

Владите манипулираат со валутите за да го држат девизниот курс на вештачки ниско ниво и да ги направат своите производи и услуги поевтини на светскиот пазар. Тоа ги става трговските партнери во неповолна положба.

Претседателот Доналд Трамп во текот на кампањата вети дека ќе ја назначи Кина како валутен манипулатор.

Трамп наложи царини за увозот од Кина вреден милијарди долари како одговор на она што тој го нарекува неправедни трговски практики и дефицит.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG