Линкови за пристапност

Кина со нов лидер


Претседателот Кси Џинпинг официјално функцијата ќе ја преземе во март наредната година.

Кси Џинпинг е новиот претседател на Кина, а воедно и генерален секретар на владеачката Комунистичка партија и раководител на влијателната воена комисија.

Потпретседателот Кси и официјално го наследи претседателот Ху Џинтао, а функцијата ќе ја преземе во март наредната година. Во обраќањето пренесувано на државната телевизија, 59-годишниот Џинпинг истакна дека новото раководство се соочува со, цитираме, огромна одговорност, но дека ќе се бори за подобри животни услови за кинеската популација од 1,3 милијарди жители.

Новиот претседател на Кина со тоа ја презема контролата на втората по големина економија во светот во време на големи предизвици, вклучувајќи го забавениот економски растеж и проширување на гневот во јавноста заради корупцијата во владините редови.
XS
SM
MD
LG