Линкови за пристапност

Кинези обвинети за обид за крадење американски трговски тајни


Двајцата се фатени со кеса пари по средба со таен агент за кој мислеле дека е вработен во фабрика.

Двајца Кинези се обвинети во САД за обид да украдат трговски тајни од американски производител на изолација, со намера да отворат конкурентен погон во Кина.

Ји Ли Хуанг и Жао Гуанг Ки се појавија во федералниот суд во Канзас сити. Тие се обвинети дека се обиделе да платат 100.000 долари за украдени трговски тајни од погон во Седалија, сојузната држава Мисури на Корпорацијата Питсбург корнинг, што произведува материјал што се користи за изолација на индустриските водоводни системи.

Федералните агенти ги уапсија лицата во нивната хотелска соба во неделата откако наводно донеле кеса со пари на таен состанок со вработен во фабриката кој всушност бил агент на Федералното истражно биро. Вработениот наводно се согласил да ги обезбеди тајните информации за двете лица во врска со процесот за производство на материјалот познат како Стаклена пена. За овој материјал има огромна побарувачка во индустријализирана Кина.

Вашингтон стана особено критичен за кинеската трговска пракса, вклучувајќи, како што велат некои, се` поголемиот број случаи на кинески компании да крадат американска интелектуална сопственост и трговски тајни.
XS
SM
MD
LG