Линкови за пристапност

Тереза Меј сака посилни економски врски со Кина


Британската премиерка Тереза Меј, пристигна во тридневна посета на Кина, што има за цел зајакнување на економските врски меѓу двете држави, пред реализирање на Брегзитот.

Меј најпрвин го посети централниот индустриски град Вухан, пред да замине за Пекинг на разговори со премиерот Ли Кекјанг. Таа е придружувана од делегација од 50 британски бизнисмени кои сакаат да го прошират бизнисот со втората по големина светска економија.

Премиерката во Пекинг ќе се сретне и со кинескиот претседател, Ши Џинпинг, а планирана е и посета на финансискиот центар во Шангај.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG