САД ќе застанат во одбрана на Тајван и имаат заложба да го бранат островот, кој Кина смета дека е нејзина територија, изјави вчера претседателот Џо Бајден на настан со граѓаните, организиран од „Си-ен-ен“, објави Ројтерс.
„Да, имаме заложба да го направиме тоа“, рече Бајден.
Тој рече дека граѓаните не треба да се грижат за воената сила на Вашингтон бидејќи „Кина, Русија и остатокот од светот знаат дека ние сме најмоќната воена сила во историјата на светот“.
Претседателот додаде дека она за што треба да се грижат е „дали тие ќе се вклучат во активности што ќе ги стави во позиција да направат сериозна грешка“.
„Не сакам студена војна со Кина. Сакам само Кина да разбере дека ние нема да се повлечеме и оти нема да ги промениме нашите погледи“, изјави Бајден.
Воените тензии меѓу Кина и Тајван сега се најлоши во изминативе 40 години. Ова го изјави неодамна тајванскиот министер за одбрана, кој нагласи дека Кина ќе биде способна за целосна инвазија до 2025 година.
Тајван рече дека е независна држава и оти ќе ги брани нејзините слободи и демократија.
Кина рече дека Тајван е најчувствително и најважно прашање во нејзините односи со САД.
Facebook Forum