Линкови за пристапност

Спалдинг: Стратегијата на Кина за ширење влијание во светот е различна од руската


Спалдинг: Стратегијата на Кина за ширење влијание во светот е различна од руската
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:01 0:00

Заштитата на податоците е еден од приоритетите на националната безбедност, вели Роберт Спалдинг, поранешен генерал во американските воздухопловни сили и поранешен стратег за Кина во Пентагон.

Податоците се стратешки ресурс на 21 век, посебно во контекст на вештачката интелегенција и собирањето и анализирањето на големи количини податоци од страна на машини. Но, каде завршуваат тие податоци и кој ги користи - прашањето на кое се осврнува поранешниот генерал Роберт Спалдинг, во неговата книга „Прикриена војна“ со фокус на Кина, што деновиве ја промовираше во Вашингтон.

„Ако погледнете што со се случува денес со американската технологија во Кина ќе видите дека има два пати повеќе камери отколку луѓе, во многу градови. Пекинг е надгледуван од камери со технологија за препознавање лица. Влегувате во ресторан, камерата препознава лица и келнерот ви се обраќа на име. Скенирате код за да платите. Тоа е 5Г технологијата и тоа е одлично. Но, мора да погледнеме подлабоко. Да видиме кој се ги користи тие податоци“, вели Спалдинг.

„Кина води војна со САД на шест фронтови: економски, армиски, дипломатски, технолошки, образовен и инфраструктурен. Огромни количини податоци се употребуваат за хранење на пропагандната и разузнувачката машинерија на Кина“, вели Спалдинг.

„Некој ќе рече дека тоа се толку многу податоци што никој не може да ги процесира. Но, токму преку собирање на податоци Фејсбук, Гугл и Амазон го изградиле својот бизнис модел. Со тие податоци и со новите технологии, компаниите можат да ви продадат чевли, на пример. Но, Кинеската комунистичка партија оди чекор подалеку и ве охрабрува да бидете „добар“ граѓанин, на начин кој го сака партијата.“

Пред глобализацијата, ви требаше воена сила да наметнете волја врз непријателот. Сега се атакува директно на поединецот, се користат алатките на глобализацијата, интернетот.
Роберт Спалдинг, поранешен стратег за Кина во Пентагон


Клучното прашање за генералот е начинот на користење на тие податоци, зашто процесот на собирање сам по себе не е спорен.

„Фактот што како граѓанин немате сопственост над вашите податоци е загрижувачки. Особено што се работи за влада, или уште повеќе - за странска влада која не ги сфаќа демократските принципи и вредности. Тоа е предизвик за нас, зашто сакаме да ја заштитиме демократијата во светот, свет кој оди напред и во кој има економии кои го користат развојот на технологијата за национални интереси.“

Кина е присутна и во економската сфера на Балканот. Оттука, се интересиравме како Спалдинг гледа на приклучувањето на Северна Македонија кон НАТО, и дали тоа ќе има одвраќачко влијание за ширење и на кинеското влијание, покрај руското? Спалдинг вели дека концептот на пенетрирање на двете држави, Русија и Кина, е различен.

„Националната безбедност во 21 век се практикува различно. Пред глобализацијата, ви требаше воена сила да наметнете волја врз непријателот. Сега се атакува директно на поединецот, се користат алатките на глобализацијата, интернетот. Зошто би провоцирале воена реакција од НАТО?! Ризично е и скапо. Наместо тоа, инвестирате во технолошки компании, тоа ви носи економска добивка и вработува локално население. Многу полесна опција“, вели тој.

Генералот заклучува дека различната стратегија на Кина споредено со Русија, во однос ширењето на влијанието во САД и во светот, бара и различен пристап во одбраната против тоа влијание.

Роберт Спалдинг, кој е поранешен стратег за Кина во Пентагон, книгата ја објавува по неговото 25 годишно искуство како бригадирен генерал во американските воздухопловни сили, докторирал економија и математиката, а во Кина служел како аташе за одбрана на САД.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG