Линкови за пристапност

Пекинг домаќин на самитот на иницијативата „Појас и пат“


Неделава Кина е домаќин на лидери од 37 држави од иницијативата „Појас и пат“, голема програма за развој која се очекува да обезбеди повеќе од еден трилион долари за инфраструктурни проекти.

„Африка, Јужна Америка, Блискиот Исток и некои европски земји, сметаат дека е одлична можност, бидејќи иницијативата „Појас и пат“ првенствено го нагласува развојот на инфраструктурата, но исто така ја става Кина на прво место во поглед на економскиот развој“ вели Ченг Ли, од институцијата Брукингс.

Сепак, САД велат дека државите може да се најдат во неповолна ситуација, постигнувајќи лош договор. Вашингтон го обвинува Пекинг дека се обидува да ги задолжи државите.

Иницијативата „Појас и пат“ финансираше железници патишта и пристаништата во неколку држави во развој. Некои од нив се соочуваат со потешкотии да ги вратат кинеските заеми, дополнително поттикнувајќи ја загриженоста за високите трошоци на програмата и недостатокот на транспарентност.

Кина годинава го прилагодува пристапот, намалувајќи ги трошоците за некои од проектите, ветувајќи мерки за заштита на животната средина и понуда за соработка со партнери, како што е Јапонија.

И покрај предупредувањата, Италија неодамна стана првата голема европска нација што се приклучи на програмата. Пекинг се надева дека ќе привлече поголем број европски држави.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG