Линкови за пристапност

Кинескиот парламент го одобри контроверзниот закон за Хонгконг


Критичарите велат дека ова законско решение претставува закана за полуавтономниот статус на Хонгконг

Кинескиот парламент го одобри новиот Закон за национална безбедност кој, според критичарите, претставува закана за полуавтономниот статус на Хонгконг.

Контроверзниот закон беше одобрен денес со 2.878 наспорти еден глас, и шестмина воздржани.

Новиот закон би спречувал и казнувал отцепување, државен пресврт или терористички активности, кои претставуваат закана за националната безбедност. Ова законско решение, исто така, би дозволило да се формираат и разузнавачки агенции во Хонгконг.

Државниот секретар на САД Мајк Помпео, изјави дека му кажал на Конгресот оти Хонгконг повеќе не е независен од Кина.

Најавата на Пекинг минатата недела предизвика протести, слични на насилните демонстрации минатата година.

Продемократските активисти велат дека Законот става крај на основните слободи во градот, стекнати по преминување од британското уредување во 1997 година.

Околу 360 лица, вчеравечер, беа уапсени додека протестираа против новото законско решение.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG