Полицијата се судри со продемократските демонстранти на меѓународниот аеродром во Хонгконг, каде втор ден по ред се одложени летови.
Полицијата искорити спреј за одбрана со цел да ја разбие толпата демонстранти, кои се обидоа да го блокираат амбулатнтното возило кое превезуваше повредено лице.
Беа приведени и најмалку две лица.
Надлежните од аеродромот соопштија дека функционирањето на аеродромот е сериозно нарушено.
Протестите на аеродромот се дел од демонстрациите на жителите на Хонгконг кои траат десет недели, поради нарушување на слободата и недостиг на автономија.
Пекинг останува на ставот дека демонстрантите покажале знаци на тероризам.
Претседателот на САД Доналд Трамп минатата недела изјави дека ситуацијата во Хонгконг е многу тешка, и оти се надева дека никој нема да биде повреден борејќи се за слобода.
Facebook Forum