Централниот комитет на Комунистичката партија на Кина, предложил од Уставот да се отстранат ограничувањата на термините за претседател и потпретседател на земјата, соопшти официјалната новинска агенција Ксинхуа.
Промената, на кинескиот претседател Ши Џинпинг би му овозможила да остане на функцијата и по 2023-та година.
Во моментов кинескиот Устав налага претседателот и потпретседателот да служат не повеќе од два последователни мандата, од по пет години.
Facebook Forum