Линкови за пристапност

Делегација од Северна Кореја во посета на Пекинг


Според новинските агенции, севeрнокорејска делегација пристигнала во Кина на разговори за Јапонија и Јужна Кореја.

Посетата доаѓа на една недела откако лидерот на Северна Кореја Ким Јонг Ун, имаше втора средба со кинескиот претседател Ши Џинпинг во североисточниот пристанишен град Далијан, од крајот на март, наваму.

Ким претходно во Пјонгјанг се сретна со американскиот државен секретар, Мајк Помпео.

Посетата на севернокорејската делегација е најнов во серијата дипломатски потези поттикнати од претходните средби меѓу Северна и Јужна Кореја, а кулминираше со самитот меѓу Ким Јонг Ун и јужнокорејскиот претседател Мун Џае Ин. Двајцата лидери ветија дека ќе работат на денуклеаризација на Корејскиот Полуостров и постигнување мировен договор.

Ким и американскиот претседател Доналд Трамп ќе сретнат во Сингапур на 12-ти јуни.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG