Линкови за пристапност

Столчето на добитникот на Нобеловата награда за мир остана празно


Столчето на добитникот на Нобеловата награда за мир остана празно
Столчето на добитникот на Нобеловата награда за мир остана празно

Игнорирајќи го кинескиот гнев, државници од цел свет станаа и аплаудираа додека претседавачот на Нобеловата Комисијата Торбјорн Јагланд ја фалеше определбата на Лиу за човекови права, демократија и мир.

Нобеловата награда за мир што годинава ја доби кинескиот дисидент Лиу Ксиаобо симболично беше ставена на неговото празно столче на церемонијата во Осло – признание што затворениот лауреат го посвети на „загубените души“ во кинеското дисидентско движење.

Кинеското министерство за надворешни работи остро ја критикуваше церемонијата, опишувајќи ја како политички театар базиран врз лаги. Пекинг го блокираше преносот од настанот.

Игнорирајќи го кинескиот гнев, државници од цел свет станаа и аплаудираа додека претседавачот на Нобеловата Комисијата Торбјорн Јагланд ја фалеше определбата на Лиу за човекови права, демократија и мир.

Јагланд изрази жалење што ше дека Лиу не беше присутен за да ја прими наградата, велејќи дека тој факт сам по себе покажува дека наградата е неопходна и соодветна.

Лиу и натаму отслужува 11-годишната затворска казна во Кина заради субверзија на државната власт. Кинеските власти ја ставија во домашен притвор сопругата на Лиу, за да не може да присуствува на настанот во негово име.

Јагланд рече дека и покрај економската моќ на Кина, нејзината слабост беше е манифестирана во потребата да притвори човек 11 години едноставно поради изразување на своите мислења за тоа како треба да се води неговата земја.

XS
SM
MD
LG