Линкови за пристапност

Пронајдени уште пет тела од несреќата во рудникот во Кина


Пронајдени уште пет тела од несреќата во рудникот во Кина
Пронајдени уште пет тела од несреќата во рудникот во Кина

Спасувачите пронашле пет тела во кинескиот рудник за јаглен, еден ден откако живи беа извлечени 115 рудари, заглавени под земја повеќе од една недела

Спасувачите пронашле пет тела во кинескиот рудник за јаглен, еден ден откако живи беа извлечени 115 рудари. Тие беа заглавени под земја повеќе од една недела.

Спасувачките екипи се` уште се во потрага по 33 рудари од рудникот Вангџиалинг во провинцијата Шанжи, што беше поплавен на 28 март и каде беа заглавени 153 рудари.

Сите преживени се во стабилна состојба.

Кинески лица кои се одговорни за безбедноста на рударите повикаа на темелна истрага за поплавите. Властите ги повикаа раководителите на рудникот да се подготват за голема истрага со цел да се утврди причината за несреќата.

XS
SM
MD
LG