Американски официјални претставници забранија кинескиот телекомуникациски гигант Хуавеи да гради мобилни мрежи од следната 5-Г генерација во САД и ги предупредија другите држави за безбедносни ризици.
Во средата, американскиот претседател Доналд Трамп потпиша извршна наредба со која им се забранува на американските компании да користат телекомуникациска опрема од компании кои претставуваат ризик за националната безбедност. Наредбата, со која се прогласува национална вонредна состојба е прв чекор кон формализација на забраната на водење бизнис со Хуавеи.
Од своја страна Хуавеи не покажува знаци на повлекување. На критиките возврати со дополнителни ветувања и ги отфрли наводите дека претставува ризик за безбедноста. Компанијата соопшти дека ќе престане со работа ако е присилена да ги шпионира своите клиенти, додека претседателот на компанијата Лианг Ху понуди да потпише, исто така, и договори за „нешпионирање“.
Говорејќи преку преведувач за време на посетата на Лондон, Лианг рече дека Хуавеи е подготвен „да се посвети за да ја направи опремата да ги задоволи стандардите за не-шпионирање.“
Не е јасно што точно значи тоа, бидејќи и Хуавеи, како сите технолошки компании, бара од корисниците да потпишат договори со кои ја овластуваат компанијата да може да ги сподели нивните личните информации ако тоа го бараат локалните власти.
(( https://consumer.huawei.com/en/legal/privacy-policy/#label_3 ))
Facebook Forum