Линкови за пристапност

Хуавеи со осуда на одлуката на САД да ја стави компанијата на црната листа


Основачот на кинескиот телекомуникациски гигант Хуавеи ја критикува одлуката на САД да ја стави компанијата на црната листа затоа што претставува закана за американската национална безбедност.

Во серијата интервјуа дадени за државни кинески медиуми, Рен Женгфеи кажа дека активностите на администрацијата на Трамп ја поткопуваат способноста на компанија да работи на развој на нова генерација мобилна технологија, позната како 5Г.

Минатонеделната одлука и оневозможува на компанијата да купува хардвер и софтвер и ќе ја забави експанзијата на кинеската компанија на глобалните пазари. Потегот ќе им наштети и на напорите на Хуавеи за претекнување на јужнокорејската компанија Самсунг како најголем производител на паметни телефони во светот.

Хуавеи, кој е втор по големина производител на паметни телефони во светот беше засегнат од одлуката на Гугл да го лимитира пристапот на компанијата до популарниот оперативен систем Андроид.

Услугите на Гугл веќе се забранети во Кина, така што аналитичарите велат дека ефектот од ограничувањето ќе влијае на меѓународната продажба Хуавеи.

Минатата година, Хуавеи продаде речиси половина од своето производство од 208 милиони паметни телефони во странство, а остатокот во Кина.

Одделот за трговија на САД во понеделникот на Хуавеи и одобри 90 дневна лиценца за продолжување со софтверски ажурирања на постојните паметни телефони и одржување на постојните мрежи.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG