Линкови за пристапност

Кина го донесе контроверзниот закон за национална безбедност за Хонг Конг


Новиот закон е всушност продолжување на агресивните напори на Кина за затегнување на контролата врз Хонг Конг

Кинa го донесе контроверзниот закон за национална безбедност за Хонг Конг, за кој САД и про-демократските активисти велат дека дополнително ќе ги поткопа човековите права и слободи во Хонг Конг.

Новиот закон, кој денеска во Пекинг го одобри Постојаниот комитет на Кинескиот народен конгрес, налага централната власт во Пекинг да формира канцеларија за национална безбедност во Хонг Конг, која има за цел сузбивање на активности на субверзија на државната власт, тероризам, сепаратизам и заговор со странски сили. Прецизни детали за новиот закон допрва треба да бидат објавени.

Новиот закон е всушност продолжување на агресивните напори на кинескиот претседател Ји Џинпинг за затегнување на контролата врз финансискиот центар во последните неколку години, што доведе до масовни улични протести на про-демократските активисти кои бараат поголеми слободи за Хонг Конг.

Градот во втората половина на 2019 година беше потресе од масовни и често насилни демонстрации предизвикани од контроверзната регулатива за екстрадиција, која на крајот беше повлечена.

Постапувањето на кинеската законодавна власт го заобиколува законодавниот дом на Хонг Конг, кој има овластување да донесува закони за безбедноста според Основниот закон, а тоа е градскиот устав.

Во минатото законодавците на Хонг Конг беа под на притисок од Пекинг за да го одобрат законот за национална безбедност, но како реакција избувнаа големи протести.

Законот е одобрен денеска во пресрет на годишнината од предавањето на Хонг Конг во Велика Британија во 1997 година. Градските власти го забранија годишниот митинг за одбележување на годишнината од примопредавањето, наведувајќи ги како причина ризиците од пандемијата на коронавирусот.

Администрацијата на Трамп презеде серија чекори откако Кина ги објави своите намери да го одобри законот за национална безбедност уште во мај.

Американскиот државен секретар Мајк Помпео објави претходно овој месец дека САД повеќе не го сметаат Хонг Конг автономен од Кина, а во понеделникот го заврши извозот за Хонг Конг на опрема за одбрана и технологии со двојна употреба кои потекнуваат од САД, наведувајќи ги целите на националната безбедност.

Минатиот петок, САД објавија визни ограничувања за сегашните и поранешните функционери на кинеската комунистичка партија, кои ги сметаат за одговорни или соучесници во поткопувањето на високиот степен на автономија на Хонг Конг, човековите права и основните слободи.

Портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи изјави за новинарите во понеделникот во Пекинг дека Кина ќе наметне слични визни ограничувања за одредени американски поединци.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG