Американските обвинители покренаа обвинение против две лица осомничени за поврзаност со Кинеската разузнавачка заедница, за наводно хакирање на повеќе од 45 технолошки компании во текот на изминативе десет години.
Одделот за правда на САД ги сомничи за заговор за компјутерски упад, прислушување и сериозна кражба на идентитет.
Заменик-главниот правобранител на САД Род Росенстајн, директорот на Федералното истражно биро (ФБИ) Кристофер Реј и други надлежни лица, денес ги најавија тужбите, објаснувајќи ги осомничените како членови на хакерска група, која на кибернетските експерти им е позната како група АПТ10.
Facebook Forum