Линкови за пристапност

Кинески научник тврди дека ги создал првите генетски модифицирани бебиња во светот


Научник од Кина тврди дека успеал да ги создаде првите генетски модифицирани бебиња во светот.

Хи Џианкуи во средата се обрати пред голем број од своите колеги научници на биомедицинска конференција во Хонг Конг, два дена откако објави видео во кое тврди дека ја користел CRISPR технологијата за управување со гените за да изврши промена во ДНК-та на новородени близначки, чиј татко е ХИВ позитивен. Ова го направил за да спречи бебињата да се заразат со вирусот кој предизвикува СИДА.

Др. Хи рече истражувањето го чувал во тајност. Неговата работа се уште нема добиено независна потврда и тој не испратил научен труд за тоа до ниту едно научно списание, каде што експерти би можеле да ги проверат резултатите. Но, тој ѝм рекол на своите колеги дека е „горд... најгорд“ заради достигнувањето.

Неговото тврдење се најде на удар на скептиците и критичарите. Јужниот универзитет за наука и технологија во Шензен, каде е вработен научникот, соопшти дека тој е на неплатено отсуство од февруари и го квалификуваше неговото истражување како прекршување на „академската етика и кодекс“. Кинеската влада побара од локалните власти да спроведат истрага за истражувањето на Др.Хи.

Кратко по говорот на Др.Хи на вториот Интернационален самит за управување со човечкиот геном, американскиот биолог Дејвид Балтимор, добитник на Нобеловата награда за физиологија и медицина и лидер на самитот, рече дека работа на Хи е „неодоговорна“ и таа е „пропуст на саморегулативата на научната заеднца“.

Генетското управување има потенцијал да ги отстрани наследните болести од гените, но научниците и етичарите се загрижени дека тоа може да биде злоупотребено за создавање на т.н. „дизајнерски бебиња“. Тие велат и дека генетските промени би можеле да водат до промена на други гени на непредвидлив начин.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG