Линкови за пристапност

Петиција против научникот кој направи генетски модифицирани бебиња


Неговиот експеримент предизвика лавина реакции за безбедноста и етичкиот аспект на истражувањето

Кинескиот научник кој тврди дека е прв што го променил генетскиот код на две близначки родени неодамна, а кои ги направил отпорни на ХИВ и на Сида, вели дека има уште една потенцијална бременост.

Сепак, неговиот експеримент предизвика лавина реакции и прашања за безбедноста и етичкиот аспект на неговата работа, како и за финансирањето на истражувањето.

Група од повеќе од 120 кинески научници кои реагираа на почетокот неделава се зголеми.

Вчера беше поведена петиција, потпишана од повеќе од 300 научници од Кина и од други држави во светот, кои прашуваат која е поентата на овој експеримент, кој го финансира, како и кој ќе ги гарантира правата на близначките Лулу и Нана.

„Треба да прашаме дали овој експеримент е изведен за навистина да им се помогне на родителите, или тој ги искористил нив како лабораториски глувци за да исполни лична амбиција или потенцијално големи бизнис интереси“, се вели во петицијата.

На седница во Хонг Конг, каде научникот одговараше на прашања, рече дека интересите на бебињата и на родителите биле ставен во прв план.

Тој, исто така, додаде дека главно сам го финансирал истражувањето, во што не веруваат многумина кинески научници.

„Сите медицински трошоци за пациентите беа платени од моја страна, додека мал дел од трошоците за модификација на гените беше покриен од Универзитетот за наука и технологија“, одговори тој.

Научниците велат дека ваков експеримент може да чини милиони долари.

Тие стравуваат дека истражувањето не само што може да постави опасен приоритет, туку е и против кинеските закони и меѓународниот консензус за генетска модификација.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG