Линкови за пристапност

Кина вели дека лидерите на Г-7 се мешаат во нејзините внатрешни работи


Кинеската амбасада во Лондон, исто така, рече дека истрагата за потеклото на коронавирусот не треба да се политизира

Кина го отфрли соопштението на крајот од Г-7 Самитот, кое го критикуваше Пекинг за состојбата со човековите права.

Во изјавата Кина се повикува „да ги почитува човековите права и фундаментални слободи“. Пекинг се обвинува за сериозна злоупотреба на човековите права на муслиманските Ујгури, широкораспространето владино следење и принудна контрола на бременоста.

Кинеската амбасада во Лондон, пак, објави соопштение во кое лидерите на Г-7 се обвинуваат за мешање во внатрешните работи, и според Ројтерс, се заложила за цврсто спротивставување на неправдите кон Кина.

Во изјавата, исто така, се вели дека истрагата за потеклото на коронавирусот не треба да се политизира, одговарајќи на барањето на Г-7 за транспарентна втора истрага од страна на Светската здравствена организација (СЗО).

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG