Линкови за пристапност

Најбогатите нации дискутираат за глобалниот растеж


Лидерите на 20-те водечки економии се среќаваат во Кина

Кина е домаќин на состанокот на Г-20 за финансии во Шангај, каде лидерите на дваесет водечки економии ќе разговараат за начините како да се забрза економскиот раст.

За време на дводневниот состанок се очекува фокусот да биде на координирање на економските политики и стабилизирање на економиите, како што е Кина, која претрпе колапс на берзата.

Пекинг вети дека нема да ја девалвира својата валута, јуанот, додека фокусот е на опоравување и зачување на својот пазар на извоз.

Стабилноста на валутата на ЕУ - еврото, исто така е предмет за дискусија во време кога јужните држави во ЕУ земји и натаму имаат финансиски проблеми, а моќната Велика Британија се подготвува да одржи референдум за евентуален излез од Европската унија.

XS
SM
MD
LG