ВАШИНГТОН —
Најмалку 12 лица загинаа при двата силни земјотреса што вчера ја погодија кинеската провинција Сичуан, јавија надлежните. Уште 125 други лица, пак, се повредени.
Геолошката агенција на САД рече дека по првиот земјотрес со јачина од 5.9 степени, следел уште еден од 5.2 степени во истата провинција.
Кинеската државна телевизија информираше дека спасувачите успеале да спасат неколку лица од под урнатините, додека многу згради и инфраструктура биле оштетени.
Земјотресите биле почувствувани и на 200 километри од епицентарот, но, не се регистрирани повреди и оштетувања.
Facebook Forum