Спасувачките работници во западна Кина се борат со температури под нулата да дојдат до повеќе преживеани од овонеделниот силен земјотрес што уби најмалку 617 лица и остави илјадници бездомни.
Повеќе од 10.000 се повредени и повеќе од 300 други се исчезнати по потресот од 6,9 степени од средата, што урна згради, уништи патишта и собори телефонски линии и проводници за струја во провинцијата Кингхаи на граница со Тибет.
По земјотресот уследи серија силни последователни шокови, од кои најсилниот беше со јачина од 6,3. Главниот земјотрес беше со епицентар во општина населена со етнички Тибетанци, во јужниот дел на Кингхаи.
Официјалната кинеска агенција Ксинхуа вели дека 66 ученици и 10 наставници загинале во уривање на училишни згради. Владата во пекинг вели дека испратиле 5.000 војници и друг персонал да помогнат во спасувачките напори.