Линкови за пристапност

Од силен земјотрес во Кина 400 загинати


CHINA EARTHQUAKE
CHINA EARTHQUAKE

Кинеските државни медиуми велат дека најмалку 400 лица се убиени во моќен земјотрес што ја погоди западна Кина рано во среда

Кинеските државни медиуми велат дека најмалку 400 лица се убиени во моќен земјотрес што ја погоди западна Кина рано во среда.

Извештаите велат дека 8.000 лица се повредени кога земјотресот со јачина од 6,9 и неколку последователни шокови ја погодиле провинцијата Куингхаи што се граничи со Тибет.

Официјални лица во регионот велат дека десетици куќи и училишта во тибетската општина Јушу се урнати и многу ученици заглавени во урнатините.

Трупи се испратени во регионот да помогнат во спасувачките напори. Но, командирот на локалната полиција во Куингхаи за Кинеската централна телевизија кажа дека тие немаат соодветна опрема да одговорат на несреќата.

Американската геолошка служба вели дека епицентарот на моќниот земјотрес бил на 240 километри северно од префектурата Камдо, што се граничи со кинеската провинција Сичуан. Масивен земјотрес од 7,9 го погоди Сичуан во 2008, убивајќи притоа близу 90.000 луѓе.

XS
SM
MD
LG