Кинеските здравствени власти не пријавија нови смртни случаи поради коронавирус, во последните 24 часа, што е прв ваков извештај од јануари.
Националната здравствена комисија во вторникот соопшти дека има само 32 нови потврдени случаи на КОВИД-19, сите кај повратници од странство.
Во текот на пандемијата, Кина регистрираше над 80.000 вкупно потврдени случаи на инфицирани со коронавирус, вклучувајќи и вкупно 3,331 смртни случаи.
Со намалувањето на бројот на нови случаи и жртви властите во централната провинција Хубеи прават планови за понатамошно олеснување на задолжителниот карантин во градот Вухан, каде новиот коронавирус за прв пат беше откриен кон крајот на минатата година.
Во текот на пандемијата, Кина регистрираше над 80.000 вкупно потврдени случаи на инфицирани со коронавирус, вклучувајќи и вкупно 3,331 смртни случаи.
Здравствената комисија соопшти дека 1.033 пациенти кои се асимптоматски, односно кои не покажуваат знаци на заболување, но сепак можат да заразуваат други, во моментов се наоѓаат во изолација, вклучувајќи и 18 пациенти во Хубеи.
Facebook Forum