Додека ширум светот, покрај останатите, и војници се жртви на коронавирусот, кинеската Ослободителна народна армија, најголемата армија во светот, тврди дека во нејзините редови нема вирус.
„Кина потврдува дека нема случаи на инфекција со коронавирус во војската“, се вели во насловот на официјалната воена публикација издадена на 3 март. Оттогаш нема јавни информации за евентуално инфицирани во војската.
Покрај своите два милиони активни војници, државата има и 800.000 вооружени полициски сили. За време на екот на кризата, десетици илјади војници, медицински лица и персонал за поддршка беа распоредени во некои од најпогодените области од коронавирусот во Кина, вклучувајќи го и Вухан.
Но, според официјалните податоци и извештаи на Кина, болеста никогаш не стигнала во касарните.
Како што бројот на потврдени случаи на коронавирус, надмина над милион низ целиот свет, вооружените сили на многу држави пријавија инфицирани.
На прашањето зошто нема случаи на инфекција, Чен Џингјуан, директор на одделение за здравство на Одделот за логистичка поддршка при Централната воена комисија, на прес-конференција минатиот месец, одговори дека тоа е резултат бидејќи зајакнатите мерки на превенција на кинеската војска се целосно успешни.
„Ја зајакнавме обуката за мерки како одговор на болести, наметнавме ограничувања на непотребните движења на персоналот и ги откажавме непотребните собири“, рече Чен. Тој рече дека избувнувањето на пандемијата всушност „ја подобрило борбената готовност на кинеската војска“.
Како што бројот на потврдени случаи на коронавирус, надмина над еден милион низ целиот свет, вооружените сили на многу држави пријавија инфицирани. Во САД, околу еден месец откако првиот припадник беше позитивно тестиран на коронавирус во Јужна Кореја, американската војска, наводно, има околу 1.000 потврдени случаи. Во други држави, вклучително и Франција, Велика Британија, Јапонија и Јужна Кореја, исто така бележат постојан пораст на бројот на инфицирани во нивните вооружени сили.
Во некои држави, и некои врвни генерали не беа поштедени од коронавирусот. Генералот Фелимон Сантос, шеф на вооружените сили на Филипините и Јарослав Мика, генерален командант на вооружените сили на Полска, и двајцата беа позитивно тестирани на коронавирус.
„Гледаме низ целиот свет дека војниците се погодени, како и остатокот од општеството“, рече Зак Купер, поранешен американски официјален претставник кој работи на кинески прашања во Белата куќа и Одделот за одбрана. „Значи, јас би очекувал тоа да биде случај и во Кина“.
Facebook Forum