Линкови за пристапност

Во Вуханан имало 50 проценти повеќе умрени од КОВИД, објави Кина


Сега има повеќе од 2 милиони случаи на КОВИД во светот и близу 150,000 смртни случаи, според Џонс Хопкинс.

Кина вели дека повеќе луѓе умреле во Вухан во нивната криза со КОВИД-19 отколку што првично се мислело.

Вухан, епицентарот на вирусот во Кина, го зголеми бројот на жртви за повеќе од 50 проценти.

Тамошните здравствени претставници издадоа соопштение дека дополнителни 1,290 лица умреле од заразата, што тоталната бројка ја крева на 3,869 луѓе.

Официјалните лица го зголемија и бројот на потврдени случаи за 325 што прави вкупно 50,333 случаи.

Во соопштението се вели дека имало повеќе причини за „дискрепанца во податоците“, „вклучувајќи ја и таа што напливот на пациенти едноставно ги преоптовариле медицинските ресурси и капацитетите за прием на лекарските институции“ и некои кои умреле дома не биле вклучени во првичното пребројување.

Странските здравствени претставници беа скептични за извештаите на масивната азиска држава за бројот на случаи и починати, велејќи дека кинеската статистика била ниска во споредба со оние на другите држави.

Сега има повеќе од 2 милиони случаи на КОВИД во светот и близу 150,000 смртни случаи, според Џонс Хопкинс.

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш кажа дека иако изгледа дека децата се поштедени „од најтешките симптоми на КОВИД-19“, нивните животи се „сосема пореметени“.

Тој повика државите да „ги заштитат нашите деца и да работат за нивната добросостојба“. Тој кажа дека милиони деца губат настава и храна на кои сметаат кога се на училиште.

Затварањето на популацијата во цел свет исто така значи, рече тој, дека децата принудени да седат дома можат да бидат „и жртви и сведоци на домашно насилство и злоставување“.

Во четвртокот американскиот претседател Доналд Трамп кажа дека безбедноста и здравјето на Американците ќе биде главен приоритет во потегот на неговата администрација за повторно отварање на државата.

XS
SM
MD
LG