Како што глобалната пандемија го зема својот данок кај извозно ориентираните производители, така се намалуваат и кинеските надежи за брзo економскo опоравување од пандемијата на коронавирусот.
Откажувањето на нарачките од купувачите од Западот принуди многу од кинеските производствени капацитети да останат затворени, освен ако некои не успеат да се префрлат на прозводство на медицински материјали кои се бараат, како што се хируршки маски.
Странските купувачи сега не прават нарачки за ништо друго освен за хируршки маски.
Тоа, велат аналитичарите, може да доведе до повеќе отпуштања во блиска иднина и помалку можности за вработување на рекордно високиот број од речиси девет милиони универзитетски дипломирани студенти кои влегуваат на кинеските пазари на трудот ова лето.
Ерик Лин е во трговијата со стоки, вклучително и сувенири, подароци и играчки во Јиву, во кинеска провинција која е најголемиот светски пазар на големо.
Тој рече дека многу од трговците на големо ориентирани кон извозот банкротирале откако немале приходи во изминатите три месеци.
Странските купувачи сега не прават нарачки за ништо друго освен за хируршки маски.
„Многу бизниси се затворија. Катастрофа“, рече тој.
„Многумина се подготвуваат за производство на маски. Некои поставија една линија, додека други велат дека имаат пет. Многумина имаат долгови веќе три месеци. Се прави се што е можно за да преживееме, дури и ако треба да се почне од нула “, додаде тој.
Тоа што, според Лин, ги прави работите уште полоши е напорното снабдување со суровини за маски, што ги принуди некои од новопоставените производствени линии во градот да останат без работа уште еден месец.
Но, светот се уште мора да купува маски од Кина, која има дневен производствен капацитет од 200 милиони маски дури и ако дел од тоа производство е супстандардно, додаде тој.
Меѓународната логистика ЕХЛ во провинцијата Хенан забележа пад од 50% во продажбата, откако увозот на странски стоки запре, а нарачките за кинески производи се значително намалени, освен за маски.
„Многу мали и средни извозници ги затворија линиите за производство “, рече Сон Зонглианг од ЕХЛ.
Ова е причина за испраќање на многу работници на неплатено отсуство од работа.
Ако глобалната пандемија наскоро не биде запрена, Кина следно може да се соочи со големи отпуштања и зголемена стапка на невработеност, велат аналитичарите.
„Отпуштањата не се одвиваат само во производството, туку и многу услужни сектори сметаат дека е тешко да ги задржат своите вработени, особено оние во угостителството. Тие се многу лошо погодени “, рече Џефри Кротал, портпарол на кинескиот билтен за работна сила.
Ако глобалната пандемија наскоро не биде запрена, Кина следно може да се соочи со големи отпуштања и зголемена стапка на невработеност, велат аналитичарите.
Волстрит Журнал во понеделникот го цитираше Ирис Панг, главен економист во банката ИНГ во Хонг Конг, кој што вели дека стапката на урбана невработеност во Кина би можела да се искачи на 10% до крајот на годината, освен ако локалните власти не воведат фискален стимул за зајакнување на економијата.
Ванг Зангченг, раководител на Економскиот Институт на Универзитетот во Зонгнан за економија и право, не е толку песимистички настроен.
Тој се согласи дека невработеноста во Кина е полоша отколку што изгледа и предупреди на зголемен притисок врз лицата кои бараат работа бидејќи многу работни места ќе бидат заменети со роботи и автоматизација.
Но, тој рече дека вработувањето најверојатно ќе закрепне по месец јуни, бидејќи има голема побарувачка за работна сила.
Facebook Forum