Линкови за пристапност

Инвестициите на Кина на Блискиот исток ја зголемуваат загриженоста на Вашингтон


Како што кинеското влијание и бизнис се шират во регионот, американски официјални лица се сомневаат во кинеските геостратешки намери

Кина се заложи со 23 милијарди долари заем и помош за Блискиот исток минатата година, и потпиша договор од 28 милијарди долари за инвестиции во инфраструктурата и градежни проекти.

Како што кинеското влијание и бизнис се шират во регионот, американски официјални лица се сомневаат во кинеските геостратешки намери.

Тие го повикаа Израел да го прекине договорот со кој и` се дава на кинеска фирма контрола врз пристаништето во Хаифа.

Според американски и израелски официјални лица, претседателот на САД Доналд Трамп, пак, минатиот месец побарал израелскиот лидер Бенјамин Нетанјаху да ги ограничи билатералните врски со Кина, велејќи дека во спортивно тоа ќе се одрази врз односите САД - Израел.

На почетокот на годинава, и советникот за национална безбедност Џон Болтон, изјави дека Вашингтон е загрижен за односите со Нетанјаху, не само поради Хаифа, туку и поради израелската употреба на кинеска телекомуникациска технологија, за која стравуваат дека ќе биде искористена за шпионажа.

Државниот секретар на САД Мајк Помпео, при посетата на Израел, исто така, рече дека разузнавачката размена на информации треба да биде намалена.

„Сакаме да осигураме дека државите ги разбираат ризиците“, реече тогаш Помпео.

Најголемите кинески инвестиции во регионот се поврзани со глобалната трговија и инфраструктурна програма на Пекинг, позната како Инцијатива за изградба на патишта и обиколници, која беше промовирана во 2015 година.

Досега Кина инвестираше речиси 700 милијарди долари во повеќе од речиси 60 држави.

Критичарите велат дека огромните инвестиции би можеле лесно да се искористат за политичко и геостратешко влијание, и оти е реално државите кои земаат заем да влезат во долг.

Кина потпиша договори за спроведување на оваа Иницијатива со 14 арапски држави.

Оваа недела, лидери на 12 држави ќе учествуваат на втората меѓународна конференција во Пекинг, поврзана со Иницијативата за изградба на патишта и обиколници, на која нема да има претставници на САД.

Пекинг вели дека Иницијативата има единствена цел да обезбеди поголема поврзаност и трговија, како и да помогне во решавање на меѓународните предизвици.

„Иницијативата е одличен пример како Кина споделува мудрост и решенија за глобален раст и владеење“, јави официјалната Кинеска новинска агенција.

Сепак, критичарите нагласуваат дека Кина ги користи трговијата и инвестициите како начин да го зголеми нејзиното влијание.

Во меѓувреме, африкански па дури и европски држави, се подготвени да ги прифатат кинеските проекти, што може да доведе до нивно задолжување кое, пак, потоа би можело да се искористи од Пекинг за политичко влијание.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG