Линкови за пристапност

Кина му честиташе на Бајден


Кина во петокот им честиташе на новоизбраниот претседател на САД, Џо Бајден и на новоизбраната потпретседателка Камала Харис.

Портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи Ванг Венбин ова го кажа на редовниот дневен брифинг:

„Им честитаме на господинот Бајден и г-ѓа Харис. Ја следевме реакцијата на претседателските избори во САД во државата и во меѓународната заедница“, рече тој без елаборирање на причината за одолговлекувањето со честитките.

„Ние го почитуваме изборот на американскиот народ. Во меѓувреме, разбираме дека резултатите од изборите во САД ќе бидат утврдени според законите и процедурите на САД“, рече Венбин.

Бајден се предвидува да стане претседател на САД на 20 јануари врз основа на она што се смета за несовладлива предност во тековното пребројување на гласовите од изборите на 3 ноември. Резултатите остануваат предмет на судски предизвици и пребројувања и нема да бидат официјални се додека не бидат заверени од одделните држави, што мора да се случи најдоцна до 8 декември.

Кина, заедно со Русија, не се придружи на другите влади минатата недела во честитањето за Бајден, откако во саботата беше прогнозирано дека обезбедил доволно гласови на Изборниот колеџ на изборите за да го добие претседателството на САД.

Под администрација на Бајден, политичките аналитичари очекуваат малку промени во односите меѓу САД и Кина, кои во последно време беа затегнати поради критиките на претседателот Доналд Трамп за трговската размена и човековите права на Пекинг и обвинувањата за шпионирање и кражба на технологија.

XS
SM
MD
LG