Додека Кина ја покажува својата воена сила на парада за одбележување на 70-та годишнина под комунистичко раководство, во Хонг Конг се случија насилни судири меѓу продемократските демонстранти и безбедносните сили, како реакција на засиленото влијание на главното копно на Кина во автономниот град.
Полицијата употреби солзавец и водени топови врз протестантите кои носеа чадори, и кои фрлаа рачно изработени бензиски бомби на полицијата, предизвикувајќи неколку пожари низ градот.
Видео снимки ги потврдија новинските извештаи дека еден демонстрант бил фатално застрелан во гради од полицијата, што е прва жртва од почетокот на демонстрациите во јуни. Полицијата не го коментираше настанот.
А во Пекинг, со симболична топовска салва започна парадата за покажување на најновите армиски капацитети на Кина, вклучувајќи и интерконтинентален балистички проектил за кој аналитичарите велат дека може да носи повеќе нуклеарни боеви глави на растојание од неколку илјади километри.
Во говор пренесуван во живо на националната телевизија, претседателот Ши Џинпин објави дека ниедна сила не може да ги затресе темелите на Кина ниту да го запре напредокот на кинескиот народ. Ши исто така кажа дека Пекинг останува посветен на стратегијата „една држава два система“ во однос на Хонг Конг, каде се во тек протести и судири со полицијата.
Facebook Forum