Американските бизниси кои работат во Кина имаат песимистички прогнози за кинеската економија, откако повеќе компании објавија пад на приходите и побарувачката на пазарот како последица на глобалната пандемија на коронавирусот, покажа најновото истражување на Американското бизнис лоби.
Американската стопанска комора во Кина ги повика владите на Кина и САД да понудат мерки за помош, вклучувајќи намалување на даноците и финансирање
Околу 76% од 119 директори на компании песимистички гледаат на идниот економски раст на Кина, покажува истражување на Американската стопанска комора во Кина.
Ваквото мислење се совпаѓа со неодамнешните економски прогнози.
Истражувањето покажа дека потрошувачите и индустрискиот сектор се најпесимистични во врска со последиците од болеста, при што 38% од нив очекуваат идниот раст да се намали за 50% или повеќе.
Во понеделникот, истакната инвестициска банка во Кина - China International Capital Corp - ја намали прогнозата за БДП за 2020 година за Кина на 2,6%, што е нагло опаѓање од 6,1% во јануари, според South Morning China Post.
Воедно, банката Nomura ги намали прогнозите за раст за 2020 година за Кина на 1,3% од претходните 4,8%, додека американската банка Merrill Lynch исто така ја намали својата прогноза за Кина за оваа година на 1,5%.
Истражување на Американската стопанска комора во Кина, спроведено пред 18 март, исто така, покажа дека 50% од анкетираните компании посочиле дека се соочуваат со значителен пад на приходите, а 39% рекле дека побарувачката за нивните производи е намалена.
14% од испитаниците регистрирале дневни загуби од 70.705 долари (500.000 јуани), што е за 10% повеќе од февруари.
Ако бизнисите не успеат да се вратат во нормала до крајот на април, 57% од испитаниците, што претставува зголемување од 48% во февруари, очекуваат да се намалат приходите оваа година во Кина.
Бидејќи вирусот продолжува да се шири во западните земји, американските компании сега се загрижени за неговото глобално влијание, рече претседателот на комората, Грег Гилиган.
Комората ги повика владите на Кина и САД да понудат мерки за помош, вклучувајќи намалување на даноците и финансирање.
Гилиган рече дека стотици членови на комората веќе се ангажирале, во претходна дискусија преку Интернет, со кинески власти, предводени од заменик министерот за трговија Ванг Шувен, за да ги истражат потенцијалните решенија.
„Од аспект на даноците, истакнавме дека е потребно мерките да бидат достапни за сите бизниси, а не зависно од земјите на потекло итн. Добивме уверување за тоа“, рече Гилиган на брифинг за медиумите.
14% од испитаниците регистрирале дневни загуби од 70.705 долари (500.000 јуани), што е за 10% повеќе од февруари
Тој посочи дека малите и средните претпријатија, кои се ранливи во услови на криза, имаат огромна потреба од вакви мерки за помош.
Но, комората се надева дека мерките може да се прошират и на големите компании.
„Големите корпорации и малите и средни претпријатиј се во корелација. Значи, поддршката за големите корпорации е всушност и поддршка за малите и средни претпријатија “, додаде тој.
Сепак, во сето ова има и светла страна. Околу 40% од бизнис испитаниците во САД се оптимисти во врска со изгледите за понатамошни реформи во Кина и отворање на пазарот, иако 44% од нив се песимисти во врска со претстојните преговори за трговскиот договор меѓу САД и Кина.
Facebook Forum