Линкови за пристапност

Токио и Сеул се спротиставија на новата кинеска зона на воздушна одбрана


Јапонски и јужнокорејски авиони прелетале низ неа, по примерот на американските претходно неделава.

И Токио и Сеул се спротиставија на новопрогласената кинеска зона на воздушна одбрана во Источното Кинеско Море. Авионите прелетале низ контроверзната зона без да ги почитуваат новообјавените правила на Пекинг. Обете земји соопштија и дека прелетувањето се случило без пресретнување од страна на Кина.

Пекинг ја прогласи зоната над спорните води во Источното Кинеско Море во саботата, со напомена дека сите странски цивилни и воени авиони мора да се идентификуваат и да ги следат инструкциите, или во спротивно да се соочат со „вонредни мерки“ за кои не беа дадени детали.
XS
SM
MD
LG