Линкови за пристапност

Обама и Ху ја нагласија потребата од соработка на двете нации


Обама и Ху ја нагласија потребата од соработка на двете нации
Обама и Ху ја нагласија потребата од соработка на двете нации

Американскиот претседател Барак Обама и неговиот кинески колега Ху Џинтао ја нагласија потребата од соработка и покрај признавањето на разликите во однос на трговијата, кинеската валута и човековите права.

Двајцата претседатели зборуваа на заедничка прес конференција во Белата куќа во средата.

Обама кажа дека САД и Кина се согласиле да го придвижат напред дијалогот за човековите права. Ху призна дека има уште многу да се стори во Кина на планот на човекови права. Тој кажа дека Кина има волја да да се ангажира во дијалогот со САД по прашањето на база на меѓусебно почитување и принцип на немешање во меѓусебните внатрешни работи.

Обама кажа дека двете нации може да имаат значителни бенефиции кога соработуваат. Но тој рече дека Кина мора да стори повеќе за ревалоризација на својата валута за да помогне да се реши прашањето на огромната трговска нерамнотежа меѓу двете држави.

Американскиот претседател кажа дека двете страни склучиле десетици зделки што ќе го зголемат американскиот извоз за повеќе од 45 милијарди долари. Тој рече дека овие договори исто така ќе ги зголемат кинеските инвестиции во САД за неколку милијарди долари.

Настаните од средата беа означени со голема помпа и церемонија на формална државничка посета и ќе завршат со формална вечера.

XS
SM
MD
LG