Линкови за пристапност

Претседателот на Кина во Вашингтон


Претседателот на Кина во Вашингтон
Претседателот на Кина во Вашингтон

Кинескиот претседател веќе имаше неформална вечера со претседателот во Белата куќа

Кинескиот претседател Ху Џинтао е во Вашингтон, каде му се приредува официјална церемонија на добредојде по што ќе започнат разговори по прашања кои се протегаат од економските разлики до Северна Кореја.

Ху веќе ја посети Белата куќа на неформална вечера со американскиот претседател Барак Обама во, како што е позната, старата семејна трпезарија. Само по двајца главни соработници од секоја страна биле присутни, а на лицата кои прават белешки им бил забранет пристап, за да се дозволи поискрена дискусија.

Неколку стотици протестанти се собраа во јавниот парк спроти Белата куќа за време на вечерата, барајќи независност на Тибет и поголемо внимание за човековите права во Кина.

Ху по пристигнувањето на црвен тепих во воздухопловната база во близина на Вашингтон во вторникот кажа дека дошол во САД да „ја зајакне меѓусебната доверба, да промовира пријателство и да ја продлабочи соработката“. Тој исто така рече дека сака да се „придвижи напред кон позитивни, кооперативни и сеопфатни кинеско-американски односи за 21-от век“.

XS
SM
MD
LG