Линкови за пристапност

Лути пиперки за намалување на крвниот притисок

Студијата објавена во најновото издание на научниот журнал Cell Metabolism најде дека долготрајна употреба на супстанца наречена капсатсин, што ја има во пиперките, довела до намалување на крвниот притисок кај глувци

Ново истражување најде дека соединение што го има во лутите пиперки и им дава лут вкус – ги олабавува крвните садови.

Студијата објавена во најновото издание на научниот журнал Cell Metabolism најде дека долготрајна употреба на супстанца наречена капсатсин, што ја има во пиперките, довела до намалување на крвниот притисок кај глувци.

Кинески истражувачи кои ја извеле студијата велат дека долготрајната употреба на супстанцата активира рецептор во обвивката на крвните садови. Еднаш активиран, рецепторот произведува нитро-оксид, молекула што ги штити крвните садови од воспаленние и нефункционалност.

Водечкиот автор на студијата, Жиминг Жу од Третиот армиски медицински универзитет во Чонгкинг, во Кина, вели дека целта на истражувањето била да се истражи влијанието на капсатсинот на крвниот притисок.

Жу вели дека веќе има показатели за доброто дејство на капсатсинот на кинеското население. Во Североисточна Кина стапката на хипертензија кај популацијата е 20 проценти, споредено со Југозападна Кина каде стапката е меѓу 10 и 14 проценти. Жу вели дека во Југозападна Кина луѓето сакаат да јадат лута и храна зачинета со лути пиперки.

XS
SM
MD
LG