Линкови за пристапност

Верни слушатели


Децата ги совладуваат буквите читајќи им на кучињата
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:46 0:00
Direct link

Децата ги совладуваат буквите читајќи им на кучињата

Децата ги совладуваат буквите читајќи им на кучињата.

Кој подобро може да помогне во совладувањето на буквите од – најверниот човеков пријател? Според истражување на Универзитетот на Калифорнија, децата кои им читаат на кучињата, напредуваат побрзо.

Тејвион Скот оди во Основното училиште Стантон во Вашингтон. Има проблеми со учењето на нови зборови и му помага да се концентрира кога чита – на кучето Изи до него.

„Затоа што е мирно“, кусо објаснува Тејвион.

Изи доаѓа во училиштето со Дениз Веласкез веќе една година. Дениз е волонтерка во ПАЛ – кратенка за “Љубовта меѓу животните и луѓето“, невладина организација од главниот американски град.

„Не се срамите толку кога читате на куче, за разлика од пред целиот клас, или учителот“, вели Веласкез.

Ерик Рител, кој ја координира програмата ПАЛ, се идентификува со децата, затоа што и самиот имал проблеми со читањето на рана возраст.

„Чувствуваат поголема доверба читајќи на куче, затоа што нема да им суди и да им каже – погрешно го прочита зборот“, елаборира Рител.

Програмата дава витална поддршка на децата во овој дел на Вашингтон, Анакостија.

„Ова е соседство со најголема стапка на сиромаштија и криминал. 75% од учениците живеат само со еден родител, најчесто мајката“, наведува Рител.

Ученичката Ајана Хил сега чита нормално, благодарение на кучињата.

„Сакам да им читам. Тие се пријатни и мирни“, објаснува Ајана.

Мелвин Хансбери совладал големи зборови и сега дури и` помага на својата мајка, Шарон, која вели: „Имам проблеми со очите и тој ќе ми прочита кога не можам да го видам текстот“.

Демарис Хамилтон, учителка во програмата ПАЛ говори за важноста на програмата: „Некои деца дома не добиваат љубов и внимание - ги чувствуваат кога ќе дојдат тука. Тоа игра голема улога“.

Толку голема, колку безусловната љубов на верните слушатели - кучињата.
XS
SM
MD
LG