Линкови за пристапност

Првиот ден од животот на бебињата - најопасен


Во нов извештај на меѓународна организација се вели дека првиот ден од животот на новороденчињата е најопасен во речиси секоја земја во светот, вклучувајќи ги и САД.

Во денеска објавениот извештај на организацијата „Спасете ги децата“ се наведува дека по првата глобална анализа на податоците за животниот век на бебињата е регистрирано дека еден милион бебиња годишно умираат токму на денот кога се родени.

Во годишниот „Индекс на мајките“ пак, што го изготвува истата организација, стои дека Финска е најдоброто место во светот да се биде мајка, а Демократската Република Конго е најлошата.

САД се рангирани на 30-то најдобро место да се биде мајка, зад сите земји од Западна Европа, Австралија, Словенија, Сингапур, Нов Зеланд, Естонија, Канада, Чешката Република, Израел, Белорусија, Литванија и Полска.

Со најголема смртност на првиот ден од животот на новороденчињата е Индија – 300.000 случаи.
XS
SM
MD
LG