Линкови за пристапност

Штрајкот на наставниците во Чикаго продолжува


Илјадници наставници во третиот по големина град во САД во петок штрајкуваат веќе втор ден, но градоначалничката на Чикаго Лори Лајтфут вели дека училиштата ќе бидат отворени.

Лајтфут вели дека часовите ќе ги водат од работници кои не се во синдикатите. Таа исто така кажа дека е време синдикатите и преговарачите да се сретнат лице-в-лице и да се договорат.

„Не можеме да ветиме пари зашто ги немаме. Мислам дека по она што го сумиравме како факти може да дојдеме до договор што ќе биде во интерес на наставниците“, рече таа.

Штрајкот опфаќа 25,000 синдикални членови и има ефект на повеќе од 300,000 ученици во јавните училишта.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG