Околу 29.000 наставници и вработени во образовниот систем не отидоа на работа. Некои останаа дома, а други стоеја пред вратите на институциите. Штрајкот оневозможи 350.000 ученици да бидат на настава, принудувајќи многу родители да останат дома или да најдат брза алтернатива за згрижување на децата.
Градоначалникот на Чикаго Рем Емануел, некогашен близок соработник на претседателот Барак Обама, го обвини наставничкиот синдикат за штрајкот.
Градот им понуди на наставниците зголемување на платите од 16 проценти во рок од четири години. Но Емануел кажа дека градската влада и синдикатот остануваат на различни страни во однос на прашањето за моќта на училишните директори во доменот на оценување на работата на наставниците.