Градоначалникот на Чикаго и шефот на полицијата, бараат помош од јавноста, во напорите за идентификување на одговорните за вооруженото насилство врз 66 лица, од кои 12 починале - и тоа се` во период од 24 часа.
Според полицијата, престрелките не се случајни, туку се поттикнати од конфликти меѓу бандите во градот.
Годинава, во слични насилства во Чикаго биле убиени преку 300 лица, најмногу од кој било град во САД.
Полициски извори сепак велат дека смртните случаи се намалени за 25 отсто, споредено со истиот период лани, како и тоа дека од јануари, наваму, биле конфискувани 5.500 парчиња нелегално оружје.
Facebook Forum