Линкови за пристапност

Крвав викенд во Чикаго. За само 24 часа застрелани биле 34 лица, што полицијата вели дека се должи на пресметка на банди


За само 24 часа застрелани биле 34 лица, што полицијата вели дека се должи на пресметка на банди

Полицијата во Чикаго вели дека нема да биде поразена по викендот необично полн со насилство во кој 34 лица биле застрелани во градот за само 24 часа.

Пет од жртвите починале, вклучувајќи и 17-годишна девојка која била застрелана в лице.

„Ова е најлошо што сум го видел до сега“, изјавил полицаец за весникот Чикаго Сан Тајмс.

Полицаецот вели дека слушнал луѓе кои зборувале на телефон планирајќи одмазда.

Семејствата ги преплавиле ординациите за итна помош во една од најпосетените болници во градот рано во неделата кога било известено за 34 инциденти со огнено оружје. Најмладата жртва било момче на 11 години.

Стотици демонстранти блокирале голем автопат во Чикаго минатата недела во знак на протест за насилство со оружје и барале градоначалникот Рем Емануел да даде оставка.

Градоначалникот се` уште не излегол со коментар по насилството викендов, но побара мерки за поголема контрола на оружјето, не само во Чикаго, туку во целата држава Илиноис.

Полицијата верува дека насилството се должи на голем број парчиња оружје на улиците, но и на присуството на банди кои се убиваат меѓу себе без реперкусии.

Повеќе од 300 лица биле застрелани во Чикаго годинава, што е повеќе од секој друг град во САД.

Но полицијата вели дека тоа е 25 проценти помалку инциденти отколку истото време минатата година, и дека 5.500 илегални пиштоли и пушки биле конфискувани од јануари наваму.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG