Линкови за пристапност

Четиринаесетгодишната Вања Ѓорчевска е убиена


МВР доцна вечерва соопшти дека е најдено нејзиното безживотно тело во околината на Скопје. Осомничени се пет лица, четворица се приведени еден е во бегство. Истите стојат и зад убиство на 74 годишен велешанец кој се води како исчезнат од 24 ноември. Мотивот според МВР е користољубие

СКОПЈЕ – Безживотното тело на четиринаесетгодишната Вања Ѓорчевска е најдено денес во околината на Скопје. Истовремено во околината на Велес е најдено телото на седумдесет и четиригодишниот Живко П. Кој се водеше како исчезнат од 24 ноември. За двете убиства осомниечни се пет лица, четворица се лоцирани а еден во бегство надвор од државата.

„Во врска со двата случаи, осомничени се пет лица, од кои за три се бара мерка притвор, едно е надвор од државата, а едно лице во моментов е во полициска станица. Претходно, во врска со кривичните дела беше пронајдено опожарено возило „цитроен“ и по извршени вештачења обезбедени се материјални докази за инволвираност на лицата, за што по целосно документирање на случаите, во координација со Јавен обвинител ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави“, стои во заедничкото соопштение на МВР и Јавното обвинителство.

Мотивот за двете убиства е „користољубие“, потврдија од МВР.Четиринаесетгодишната Вања Ѓорчевска била убиена само неколку часа откако била земена со автомобил од влеснот на нејзиниот дом.

„Од спроведените истражни дејствија утврдено е дека и двете убиства се извршени од истите лица, чиј мотив е „користољубие“. Исто така, од реализираните оперативни мерки е утврдено дека малолетничката В.Ѓ. е земена со возило од влезот на живеалиштето, а од обезбедените информации од распитот утврдено е дека била убиена истиот ден (27.11.2023) околу 10.00 часот“, стои во соопштението.

МВР соопшти во детали што е превземено во истрагите за двете исчезнати лица.

„ Веднаш по добивањето на пријавите за исчезнатите лица, преземени се мерки и активности за нивно пронаоѓање, а во СВР Скопје беше формиран и посебен Оперативен штаб, на чело со началникот на СВР Скопје. Извршени се претреси во домови и други простории на подрачјата на СВР Скопје, СВР Велес и СВР Штип, при што пронајдени и одземени се мобилни телефони, компјутери, возило и др., извршени се бројни разговори со семејствата, познаниците, пријателите и лица кои би можеле да имаат било каква информација, а во истражните дејства секојдневно беа вклучени неколку стотини полициски службеници кои работеа исклучиво на овие случаи. Во деновите по исчезнувањето на двете лица, јавните обвинители издадоа наредби за претреси на повеќе локации, обезбедување снимки од видео надзор, лоцирање врз основа на базни станици, анализа и вештачења на електронските уреди, вештачења на материјални траги и докази, вклучително и автомобилот поврзани со настанот. Сослушани се лица кои би можеле да имаат определени сознанија за настанот и врз основа на сите прибрани докази настанот е расчистен во однос на осомничените сторители и нивните мотиви“, наведено е во официјалната информација.

За да нема никакви шпекулации и дезинформации кои се појавија во текот на денот истражните органи соопштија дека двете убиства немаат етничка позадина и сите осомничени лица се од македонска етничка припадност.

XS
SM
MD
LG