Линкови за пристапност

Карлсен пак светски шампион во шах


Карлсен го победи Фабијано Каруана од САД со 3: 0 на светското првенство во брзопотезен шах во Лондон

Норвежанецот Магнус Карлсен се зацврсти на позицијата најдобар шахист во светот.

Карлсен го победи Фабијано Каруана од САД со 3: 0 на светското првенство во брзопотезен шах во Лондон.

Пред финалните натпревари, тие одиграа 12 нерешени натпревари од кои секој траеше по седум часа.

Карлсен доби награда за 621.000 долари, додека Каруана заработи 508.000 долари .

Каруана се надеваше дека ќе стане првиот Американец што ќе ја освои титулата по 1972-та година, кога Боби Фишер го порази Борис Спаски од Советскиот Сојуз.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG