Линкови за пристапност

Во Вашингтон цутат црешовите дрвја


Цутењето се совпаѓа со најголемиот пролетен фестивал како симбол на пријателството со народот на Јапонија.

Туристите почнуваат да доаѓаат во Вашингтон за еден од најголемите пролетни прослави во главниот град, цветањето на црешите.

Службите на паркови на САД вели дека последниот ладен бран нема да влијае на датумите кога црешите треба да се во полн цут. Цветовите можат да траат и до десет дена, доколку времето дозволи.

На радост на многумина, оваа година цутењето на дрвјата се совпаѓа со отворањето на Националниот фестивал на цутењето на црешите во центарот на градот.

Овие дрвја се симбол на траен однос со луѓето од Јапонија, кои ги подарија овие дрвја на САД.

XS
SM
MD
LG