Линкови за пристапност

Чејни доби ново срце


Поранешниот американски потпретседател Дик Чејни се опоравува по трансплантација на срце направена во саботата.

Канцеларијата на Чејни кажа дека тој е на интензивна нега во болница во Вирџинија. Бил на листа на чекање 20 месеци.

Неговата соработничка Кара Ахерн рече дека Чејни не го знае идентитетот на донаторот.

Седумдесет и едногодишниот републикански лидер, кој служеше како потпретседател во администрацијата на Џорџ В. Буш, има долга историја на срцеви проблеми.

Чејни претрпе пет срцеви удари од 37 годишна возраст, а последниот беше во 2010. Тој имаше бајпас-операција во 1988, како и две последователни операции за отворање на стеснети коронарни артерии. Во 2001, тој имал инплантација на специјален пејсмејкер во неговите гради.

XS
SM
MD
LG