Американец и двајца јапонски научници ја добија Нобеловата награда од областа на хемијата за развивање на „едно од најсофистицираните“ орудија користени во органската хемија.
Еи-ичи Негиши и Акира Сузуки од Јапонија и Американецот Ричард Хек развија процес наречен паладиумско катализирање на вкрстено соединување. Тој процес им овозможува на хемичарите подобро да ги спојат јаглеродните атоми за креирање комплексни молекули.
Кралската шведска академија на науки, што ја дава наградата за хемија, кажа дека ова орудие „во голема мерка ја подобрило“ способноста на научниците да прават софистицирани хемикалии.
Академијата рече дека процесот се употребува во светот за правење на фармацевтски производи како и молекули употребувани во електронската индустрија.
Победниците ќе поделат меѓу себе 1,5 милиони долари парична награда.